Римски аеродром „Леонардо да Винчи“ осма година по ред прогласен за најдобар во Европа

Аеродромот „Фјумичино“ со рекордна оценка 4,61 на скала од еден до пет во 2024 година ја освоил првата позиција меѓу сите 119 европски аеродроми кои учествувале во истражувањето, се наведува во оценките на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI).


Римскиот аеродром „Леонардо да Винчи“, познат и како „Фјумичино“, осми пат по ред е прогласен за најдобар во Европа во категоријата со над 40 милиони патници, а оваа награда ја заслужил со високото ниво на квалитет на услугите кои ги нуди на патниците.

Аеродромот „Фјумичино“ со рекордна оценка 4,61 на скала од еден до пет во 2024 година ја освоил првата позиција меѓу сите 119 европски аеродроми кои учествувале во истражувањето, се наведува во оценките на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI).


Покрај тоа, „Леонардо да Винчи“ е единствениот аеродром, освен Сингапур, кој добил највисоки поени во сите сегменти и е прогласен за „најчист“ и најпријатен“ во Европа, пренесува РАИ њуз.

Извор: ТАЊУГ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни