Во новото интервју за Тотал Филмс, Скот зборува за неговите планови за Гладијатор 3.
Додека оригиналниот „Гладијатор“ ја пренесе приказната за Максимус, претстојното продолжение ќе биде сместено две децении подоцна и ќе го следи Лусиус, синот на Лусил и Максимус, пишува Collider.
Како ќе се одвива оваа приказна останува да видиме, но Скот сигурно има повеќе идеи.
„Веќе имам осум страници. Имам почеток на многу добар ‘костур’“, рече тој.
Според неговите најави веројатно приказната за Лусиус нема да биде целосно завршена во престојниот филм, а неговата судбина најверојатно ќе зависи од успехот на „Гладијатор 2“ на кино благајните.