Ридли Скот сака да снима и „Гладијатор 3“

Како што се наближува премиерата на „Гладијатор 2“, Ридли Скот се чини дека не сака да забави. Му требаа 24 години за да им даде на фановите повторно вкус на арената по спектаклот со Расел Кроу, но се чини дека нема да мора да чекаат уште две децении кога е во прашање продолжението на претстојниот филм со Пол Мескал во главната улога.
Фото: Paramount

Во новото интервју за Тотал Филмс, Скот зборува за неговите планови за Гладијатор 3.

Додека оригиналниот „Гладијатор“ ја пренесе приказната за Максимус, претстојното продолжение ќе биде сместено две децении подоцна и ќе го следи Лусиус, синот на Лусил и Максимус, пишува Collider.

Како ќе се одвива оваа приказна останува да видиме, но Скот сигурно има повеќе идеи.

„Веќе имам осум страници. Имам почеток на многу добар ‘костур’“, рече тој.

Според неговите најави веројатно приказната за Лусиус нема да биде целосно завршена во престојниот филм, а неговата судбина најверојатно ќе зависи од успехот на „Гладијатор 2“ на кино благајните.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни