Рибарите фаќаат огромни количини октопод: Научниците се обидуваат да откријат што се крие зад овој феномен

Сè се менува, вклучувајќи ги и океаните.

Зголемениот број на октоподи, ајкули и туна во морињата околу Обединетотот Кралство се знаци за големи промени во морскиот екосистем, рече водечкиот научник д-р Сајмон Томас од Морското биолошко здружение во Плимут.

Според него, „совршената бура“ составена од голем број фактори, вклучувајќи ги климатските промени и прекумерниот риболов, доведува до брзи промени кај видовите кои се наоѓаат долж брегот.

„Од 2016 година, видовме значителен пад на бројот на нашите традиционални риби, како што е бакаларот, и забележавме дека тие се движат кон север. Потоа почнавме да забележуваме други видови, особено сина туна и сина ајкула, кои се појавуваат во огромен број во водите овде. Како да има целосна промена на режимот во океанот“, рече Томас.

„Никогаш не сум видел нешто слично“

Рибарите на јужниот брег на Девон и Корнвол моментално ловат огромни количини голем октопод, што инаку е вистинска реткост во Велика Британија.

“Никогаш не сум видел нешто слично во мојот живот. Поминав 40 години на море и за тоа време видов можеби три или четири големи октоподи. А сега тие се насекаде, рибарите на ракови известуваат дека нивните стапици се уништени”, додал научникот.

Октоподите паѓаат во стапици за ракови и јастози барајќи лесен плен.

Но, бидејќи ги има многу и се многу гладни, рибарите велат дека не јадат само мамки и ракови, туку понекогаш и се јадат меѓу себе.

Сем Јего, капетанот на Босло, за само еден ден на ловење на риба во Плимут се вратил со 11 гајби со октопод, улов тежок 400 килограми што на пазарот би можел да вреди речиси 3.000 фунти.

Меѓутоа, тој имал само еден гајба со ракови и јастози. Претходно, тој полнел повеќе од десет од нив.

“Тие ја кршат лушпата и цицаат сè одвнатре. Во моментов брзо се заработуваат пари, но никој не знае колку време ќе потрае. Ќе останат тука додека не изедат сè. Но, ако октоподите заминат, раковите нема само да се појават. Мислам дека тогаш нема да имаме многу да ловиме”, рекол рибарот.

Морското биолошко здружение ги проучува факторите кои би можеле да го објаснат ова ненадејно зголемување на бројот на октопод.

Морињата околу Обединетото Кралство моментално се околу 2°C потопло од нормалното, при што југозападна Англија има температури за три или дури 4 степени над просекот за овој период од годината.

Д-р Томас вели дека потоплите води го зголемуваат животниот век на младите октоподи во текот на зимата, а промената на океанските струи им носи повеќе храна.

„Океанот се менува“

Прекумерниот риболов на видови кои инаку би јаделе млади октоподи може да објасни и зошто повеќе од нив преживуваат до зрелоста.

„Нема сомнеж дека океанот се менува. Рибарите се првите кои видоа дека работите во морињата се менуваат“, заклучил тој.

Научниците велат дека одредени делови од океанот треба да бидат прогласени за морски природни резервати, што би можело да им даде некаква заштита од притисокот на човековите активности.

Досега 50 земји и ЕУ го ратификуваа Договорот на ОН за отворено море, со кој земјите се обврзуваат да заштитат 30 отсто од океаните до 2030 година.

Уште девет земји треба да го ратификуваат за да стапи во сила.

Властите на Велика Британија соопштија дека ќе го ратификуваат договорот до крајот на годината.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни