Тројца државјани на Перу и двајца Колумбијци исчезнале средината на март, а на 7 мај ги пронашол еквадорскиот брод „Алдо“.
Според морнарицата, два дена по нивното испловување од заливот Пукусана, јужно од главниот град на Перу – Лима, бил пријавен дефект на алтернаторот на бродот, што ги оставило без погон низ Пацификот.
Морнарицата соопшти дека мажите се во стабилна здравствена состојба и дека се координира со локалните и меѓународните власти за нивно безбедно враќање во татковините.
Инаку, ова не е прв ваков случај годинава – во март, 61-годишниот перуански рибар Максимо Напа бил спасен по 95 дена на отворено море, исто така од еквадорски брод, и се вратил во Лима средината на март.