Опозицискиот лидер и син на починатиот поранешен ирански шах во егзил, Реза Пахлави, денес го повика американскиот претседател Доналд Трамп да „биде подготвен да интервенира за да му помогне на иранскиот народ“.
Пахлави, кој живее во Вашингтон, во објава на мрежата X, го замоли Трамп за помош.
„Господине претседателе, ова е итен и непосреден повик за ваше внимание, поддршка и акција. Луѓето повторно ќе бидат на улиците за еден час. Ве молам помогнете“, напиша тој.
Тој додаде дека ги повикал луѓето да излезат на улиците за да се борат за својата слобода и да „ги надвладеат безбедносните сили со огромна бројност“, објавува Би-Би-Си.
