Финска, Шведска, Норвешка, Данска и Естонија планираат да воведат системи за плаќање со картички без потреба од интернет конекција, за да имаат резервна опција во случај на исклучување, вклучително и потенцијална саботажа.
Оваа вест ја соопшти Тумас Валимаки, член на Управниот одбор на Банката на Финска, пренесува Ројтерс.
Иницијативата доаѓа во време кога балтичкиот регион доживеа серија инциденти кои ја оштетија клучната подводна инфраструктура. Западните разузнавачки служби ја сомничат Русија за овие настани, додека Москва ги негира таквите обвинувања.
Според податоците на Централната банка, само десет проценти од граѓаните во Финска користат готовина како главно средство за плаќање, што ја прави земјата многу зависна од трансакциите со картички.
„Бидејќи плаќањата со картички зависат од меѓународните мрежи за податоци, Финска мора да биде подготвена за можни исклучувања“, рече Туомас Валимаки.
Тој додаде дека Норвешка, Шведска, Данска и Естонија исто така планираат да воведат офлајн систем за плаќање со картички, а други земји би можеле да преземат слични чекори.