На неодамнешниот конгрес на Европското друштво за катаракта и рефрактивна хирургија (ESCRS) во Данска, беше претставена револуционерна студија која покажа дека специјални капки за очи можат значително да го подобрат видот кај луѓе со далекувидост (пресбиопија).
Алтернатива за оние кои не сакаат наочари
Џована Беночи, директорка на Центарот за напредни истражувања на пресбиопија во Буенос Аирес, изјави дека оваа терапија претставува значајна алтернатива за пациентите кои сакаат да се ослободат од зависноста од наочари.
„Постоечките решенија како наочари за читање или хируршки зафати имаат свои ограничувања – од непријатност до потенцијални ризици“, рече Беночи.
Што содржат капките?
Капките користени во студијата содржеле:Пилокарпин – состојка што ја стеснува зеницата и ја подобрува способноста за фокусирање и Диклофенак – антиинфламаторен лек кој го намалува воспалението
Учесниците ги користеле двапати дневно – наутро по будење и повторно по шест часа.
Импресивни резултати
Се испитувале три концентрации на капките: 1% раствор: 148 пациенти – повеќето можеле да прочитаат две или повеќе дополнителни линии на табелата за вид, 2% раствор: 248 пациенти – 69% можеле да прочитаат три или повеќе линии и 3% раствор: 370 пациенти – дури 84% можеле да прочитаат три или повеќе линии
Несакани ефекти
И покрај добрите резултати, кај некои пациенти се појавиле привремени нарушувања на видот, иритација на очите и главоболки. Сепак, експертите ја оценуваат терапијата како безбедна, ефикасна и добро поднослива алтернатива на традиционалниот третман на пресбиопија.