Револуција во стоматологијата: Забите од лабораторија стануваат реалност

Научници развиваат вистински заби од човечки клетки. Новата технологија би можела целосно да ги замени имплантите во следната деценија.

Посетата кај забарот наскоро би можела да изгледа сосема поинаку. Наместо болни операции и титаниумски импланти, пациентите би можеле да добиваат вистински, биолошки заби – одгледани во лабораторија.
Истражувачки тимови ширум светот работат на тоа да го направат ова возможно, пишува CNN.

Пробив на King’s College во Лондон

Пионер во ова поле е д-р Ана Ангелова Волпони, раководител на постдипломскиот програм за регенеративна стоматологија на King’s College London, која речиси две децении експериментира со заби создадени од човечки клетки.
Во 2013 година таа беше дел од тим што успеа да одгледа заб од човечки и глушечки клетки, а оваа година нејзиниот тим направи голем пробив во материјалот кој служи како „околина“ за раст на забот – користејќи нов хидрогел што подобро ги имитира условите во усната шуплина.

Во најновата студија, наместо колаген, се користи полимер со висок процент вода во кој се вбризгува мала топка од комбинирани клетки. По само осум дена во хидрогелот, почнуваат да се формираат структури налик на заби. Во претходни експерименти, овие „зародоци на заби“ биле пренесени во глушец, каде што се развиле во заб со корен и глеѓ.

Како би изгледала примената кај луѓето

Волпони предвидува две можни стратегии:
– да се вгради млад забен зачеток кој ќе продолжи да расте во вилицата на пациентот,
или
– да се целосно одгледа заб во лабораторија и потоа да се имплантира хируршки.
„Сè уште е рано да се каже кој пристап ќе биде најуспешен,“ вели таа.

Предностите на вистинските заби

Биолошкиот заб, создаден од сопствените клетки на пациентот, би бил совршено компатибилен со организмот, без ризик од воспаление или одбивање. За разлика од металните импланти, ваквите заби би имале природен осет, еластичност и чувствителност.

„Ова е клучен чекор кон вистинска замена на забите,“ вели Витор Невес од Универзитетот во Шефилд. „Колку повеќе истражувачи се вклучат, толку побрзо ќе ја достигнеме оваа цел.“

Глобална трка за новата насмевка

Истражувања се водат и на други универзитети ширум светот.

Во Осака, тимот на Кацу Такахаши развива терапија со антитела што поттикнува раст на нови заби кај луѓе со вроден недостаток – веќе во клиничка фаза на тестирање.

На Универзитетот Тафтс во САД, Памела Јелик успеала да одгледа заби во свињи со комбинирање на човечки и животински клетки.

На Универзитетот во Вашингтон, Ханеле Руохола-Бејкер успеала да создаде матични клетки на забна пулпа од човечки клетки, со цел повторно да се „напише“ биолошкиот процес на создавање заб.

„Напредокот во ова поле се забрзува,“ вели Руохола-Бејкер. „Во следната декaда би можеле да гледаме пр

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни