Нов извештај од Мери Микер, наречена „Кралица на интернетот“, покажува дека усвојувањето на вештачката интелигенција (AI) претставува најбрзата технолошка промена во историјата.
Растот на вештачката интелигенција во нашите животи е официјално без преседан, според Мери Микер, венчр капиталистка позната по своите увидувања во интернет трендовите.
Микер објави извештај од 340 страници насловен „Трендови – Вештачка интелигенција“, во кој преку обемни истражувања и графикони го опишува невиденото темпо со кое се инвестира, развива, прифаќа и користи вештачката интелигенција.
Во текот на 2010-тите, Мери Микер го водеше одделот за раст на капиталната компанија Kleiner Perkins, каде инвестираше во идни технолошки гиганти како Facebook, Spotify и Canva.