Новата генерација на купе-салони се произведува со помош на револуционерен пристап кој комбинира вештачка интелигенција и, за прв пат, оперативниот систем на Mercedes-Benz (MB.OS) во рамките на дигиталниот производствен екосистем MO360. Во овој проект компанијата инвестираше стотици милиони евра.
Фабриката во Раштат е пионер на модерното флексибилно производство – на иста производна линија се произведуваат хибридни, електрични и возила со класични мотори. Електричниот CLA првично ќе се произведува за европскиот пазар, додека локалната фабрика во Пекинг Benz Automotive ќе биде задолжена за кинескиот пазар.
„CLA означува нова ера за Mercedes-Benz. Најдобра гаранција за долгорочниот успех на електромобилноста се врвните производи како овој модел – изјави Ола Калениус“, директор на групацијата Mercedes-Benz.
Фабриката во Раштат ќе биде модел за примена на системот MB.OS во сите фабрики на Мерцедес ширум светот. Пристапот „Chip-to-cloud“ овозможува безжично ажурирање на софтверот преку серверот Mercedes-Benz Intelligent Cloud.
Посебна забелешка е употребата на вештачка интелигенција во лакарницата, каде потрошувачката на енергија е намалена за 20%, а времето на подготовка на процесот е значително скратено.
Производството на новиот CLA дополнително ја потврдува стратегијата на Mercedes „Digital First“ и ја зајакнува позицијата на германскиот регион Баден-Виртемберг како клучен европски центар за развој на електрични возила.