Револуција на тркала: Ова е автомобилот што ќе ја обликува 2025 година, прогласен за најдобар во светот на престижен натпревар

Kia EV3 ја освои престижната титула Светски автомобил на годината 2025 на Светските награди за автомобили во Њујорк, а беше прогласен и за „Најдобар од најдобрите“ на натпреварот за дизајн „Red Dot“.

Овој модел се издвојува по својот исклучителен опсег и брзо полнење.
Kia EV3 беше прогласен за Светски автомобил на годината 2025 на престижните награди „Светски автомобили“, што се одржаа во рамките на Меѓународниот саем за автомобили во Њујорк.

Оваа титула ја додели жири составено од 96 признати автомобилски новинари од 30 земји.

Овој успех за EV3 ја означува шестата победа на Kia во ова натпреварување од 2020 година.

Kia EV3 се издвојува со импресивен опсег од 605 километри, што е најдобар резултат во неговиот сегмент, додека батеријата може да се наполни од 10% до 80% за само 31 минута.

Автомобил КИА EV3

Покрај тоа, Kia EV3 ја освои престижната награда „Најдобро од најдобрите“ на натпреварот за дизајн на производи Red Dot Award 2025 во категоријата автомобили и возила.

Ова е најновото признание за Киа, по успехот на EV9 за 2024 година и EV6 за 2022 година.

Наградата „Red Dot“ е меѓународно признато натпреварување кое наградува извонредност во дизајнот, а наградата „Најдобро од најдобрите“ се доделува само на најиновативните и револуционерни решенија за автомобилски дизајн.

Киа ќе ја добие оваа награда на галата „Ред Дот“, која ќе се одржи на 8 јули 2025 година во Есен, Германија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни