Ревидирана опасноста од можност за удар на астероидот IR4

Астероидот IR4, неодамна откриен од астрономите, сега има само 1,5 отсто шанси да удри во Земјата во 2032 година, процени НАСА, намалувајќи ја таа веројатност по рекордните 3,1 отсто.

Овој астероид, кој се проценува дека е широк меѓу 40 и 90 метри, сега има минимални шанси да удри во Земјата на 22 декември 2032 година, според новите пресметки на американската вселенска агенција.

Премногу е рано да се знае каде може да падне ако удри во Земјата.

„Коридорот за ризик од удар“, што е област каде што може да слета астероид, се протега низ источниот Тихи Океан, северна Јужна Америка, Атлантскиот Океан, Африка, Арапското Море и јужна Азија, соопшти Меѓународната мрежа за предупредување за астероиди (IAVN).

Ако астероидот удри, може да предизвика „тешка штета од експлозијата“ на 50 километри од местото на ударот, велат научниците. Експертите очекуваат дека веројатноста за судир ќе се промени бидејќи ќе се прават повеќе набљудувања.

НАСА во вторникот го процени ризикот од таков судир на повеќе од 3 отсто, што е највисоко ниво досега забележано откако почна да следи потенцијално опасни небесни тела пред повеќе од две децении, а во средата вечерта во блог пост објасни дека ги ревидирала своите проекции благодарение на новите набљудувања од телескопите на земјата.

Европската вселенска агенција (ESA) сега го проценува ризикот на 1,38 отсто.

Ричард Мојсл, шеф на канцеларијата за планетарна одбрана на ЕСА, рече дека таа бројка „ќе осцилира малку нагоре и надолу“ пред да падне под 1 процент во блиска иднина.

Веројатноста астероид да удри во Месечината е 0,8 отсто, објави НАСА.

Астероидот првпат беше забележан во декември со телескоп во Чиле.

Во раните 2000-ти, астероидот Апофис веќе ја вознемири меѓународната научна заедница со своите 2,7 проценти шанси да удри во Земјата во 2029 година. Веројатноста за удар набрзо падна на речиси нула.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни