Ревијална промоција на првата колекција ZEN* – прв бренд за адаптивна облека во Македонија

Здружението Икуалити создаде адаптирана облека за 31 лица со различни попречености од различни делови на Македонија

На 25 септември во 19.00 часот во Музеј на Современа уметност ќе се одржи ревијална промоција на првата колекција ZEN* – прв бренд за адаптивна облека во Македонија.

Благодарение на средства прибрани од донации и сопствени ресурси, Здружението Икуалити создаде адаптирана облека за 31 лица со различни попречености од различни делови на Македонија, кои ќе зачекорат гордо на модната писта на 25 септември.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни