Планетата позната како господар на кармата и симбол на структура, граници и дисциплина, започна со ретроградно движење во знакот на Овен на 13 јули, а од 1 септември ќе продолжи во Риби, каде што ќе остане до 27 ноември.
За разлика од ретроградниот Меркур, кој предизвикува брзи и забележливи нарушувања, ретроградниот Сатурн има потивок, но многу подлабок ефект. Овој транзит не е време за брзи достигнувања или видливи успеси, туку за внатрешна работа, лична проценка и преиспитување на животната насока. Тоа е период кога се преиспитуваат темелите врз кои сме ја изградиле својата реалност.
Секој хороскопски знак ќе го почувствува влијанието на овој транзит на различен начин. За Овните, ова е период на преиспитување на идентитетот и вистинските мотиви зад нивните постапки. Биковите ќе се соочат со длабоки емоционални обрасци и потиснати стравови, со можност за вистинско лекување. Кај Близнаците, на испит ќе се најдат пријателствата и поддршката од блиските, додека Раковите ќе се соочат со предизвици во кариерата и општествениот статус, што ќе бара нова визија за иднината.
Лавовите ќе почувствуваат потреба да ги преиспитаат сопствените верувања и животна филозофија, а со преминувањето на Сатурн во Риби, фокусот ќе се префрли на емоционалната интимност. Девиците ќе се занимаваат со прашања поврзани со довербата, финансиите и заедничките ресурси. За Вагите, фокусот ќе биде на личните и професионалните односи, со потреба од јасни граници и рамнотежа.
Кај Скорпиите, вниманието ќе се насочи кон секојдневните навики, здравјето и работните обврски, а Стрелците ќе се соочат со прашања поврзани со креативноста, радоста и емотивната исполнетост. Јарците, чии владетел е токму Сатурн, ќе навлезат во длабоко преиспитување на семејните односи и внатрешното чувство на сигурност. За Водолиите, ретроградниот Сатурн ќе донесе промени во комуникацијата и вредносниот систем, со фокус на финансиите во втората половина од периодот. Рибите, пак, ќе почувствуваат силен личен импулс за реструктуирање – не само на сопствениот однос кон парите и самодовербата, туку и на сопствениот идентитет, особено кога Сатурн повторно ќе влезе во нивниот знак.
Иако предизвикувачки, ретроградниот Сатурн нуди ретка можност за длабока лична трансформација. Тоа е повик да ги преиспитаме нашите животни избори, да ги зацврстиме темелите и да изградиме структура што ќе нè поддржува на долг рок.
Извор: Index.hr