Во среда, 13 ноември од 20:00 часот Лабораториум ги поканува сите танчери, љубители на македонски евергрини и носталгичари на една незаборавна ретро „Скопска Игранка”.
Зоран Ингилизов и @andrejvlaski ќе пуштаат стари шлагери, евергрини, хитови од 50ти, 60ти и 70ти, рано диско и многу песни за „џускање”.
Во 19:00 часот, веднаш пред забавата, сите ќе имаат прилика да учествуваат во Лаб Квиз на тема градот Скопје.
Квизот ќе го води Никола Наумовски и победникот ќе биде награден со 10 гратис пијалоци на игранката!
Квизот е од хуманитарен карактер, во соработка со Делта Му Делта – академско друштво што ја препознава извонредноста на студентите од 2016 година, при Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
,,Се враќаме на старите добри денови слушајќи добра музика и играјќи. Добропознатите твист, чарлстон и валц повторно ќе ги заиграме во нашата хала” велат од Лаб.