Ако мислевте дека онлаин секс средбите се нешто ново се излажавте. Тие само ескалираа со големиот развој на интернетот и социјалните мрежи. Денес секој што има паметен телефон, компјутер или таблет преку креирање на профил на одредени интернет страни може да се впушти во онлаин средби, а некои луѓе дури и заработуваат на тој начин.
ДА СЕ ВРАТИМЕ НА ПОЧЕТОЦИТЕ
Долго време пред појавата на денешните онлаин секс состаноци постоеше т.н скромна онлајн соба за разговор. Во и не така далечното минато луѓето се приклучуваа на својот статичен, масивен компјутер, го слушаа тонот на бирање на фиксната телефонија што ги поврзуваше на светската мрежа и бум: 15 минути подоцна бевте онлајн, подготвени да разговарате со случајно сретнат истомисленик или истомисленичка како вас.

Почетоците на онлаин секс средбите воопшто не наликуваа на денешните. Замислете колку труд и енергија беа потребни за да се наместат големи веб-камери кои не даваа јасна слика. Сите оние кои размислуваа за еротика и секс авантура преку интернет се чувствуваа гламурозно од самиот факт што имаат компјутер кој е поврзан со интернет. Сепак тоа што го гледаa на екранот беа матни слики кои повеќе наликуваа на мозаик на кој е прикажано голо или делумно голо тело.

„Беше поинакво време, различна ера“, се дел од коментарите на луѓето кои во деведесетите уживаа во една поинаква авантура, која од денешна перспектива е сосема нормална.
Погледнете дел од фотографиите кои ги споделиле корисниците на тие услуги во раните ‘90ти.






