РеТрн со Тони Зен: искрен, спонтан и со ритам

Тони Зен – човекот кој сите добро го знаеме и кој со години е дел од македонската музичка сцена.
Со искрена енергија и интересен разговор, ни донесе вистински ритам во новата епизода на РеТрн.

Интервјуто беше кратко, забавно и малку поразлично – со јаже во рака и малку кардио, Зен одговара на нашите прашања додека проверуваме колку е физички спремен.

Го прашавме за сè – од тоа што би работел ако не беше музичар, па сè до дилемата „Центар или Аеродром?“.

А за оние што едвај чекаат – 11 октомври, Борис Трајковски: голем концерт на Тони Зен и Слаткар, како прослава на 18 години заедничка соработка. Двајцата почнаа со „Хип-хоп револуција“, а минатата година се вратија со дуетот „Милион лета“.

Не го пропуштајте ова интервју – и секако, не го пропуштајте концертот!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни