Наши гости во новата епизода на РеТрн Дуо се Симе Златков и Наско Џорлев – дуото што публиката го памети како „Дебелиот Крај“.
Скеч-дуо создадено во 2017 година, кое преку хумор и секојдневни ситуации брзо стана препознатливо на интернет сцената, сè до нивното повлекување во 2020 година.
Во ова интервју, Симе и Наско се враќаат чекор наназад и искрено зборуваат за тоа:
- Кому прв му текнало името „Дебелиот Крај“?
- Како дошле до идејата да почнат со снимање скечеви?
- Кој бил вистинскиот иницијатор на проектот?
- Зошто престана „Дебелиот Крај“ и зошто денес веќе не се бават со него?
- Што би смениле доколку можат да се вратат назад?
- Кои се нивните планови денес?
Покрај хуморот, Симе и Наско активно се занимаваат и со музика, а зад себе имаат и неколку хитови кои публиката добро ги познава.
Искрен разговор, носталгија и нови почетоци –
„Дебелиот Крај“ во РеТрн ДУО – епизода што вреди да се погледне.
