Нашиот гостин во новата епизода на РеТрн пат е DJ Goce.
Еден од пионерите на македонската хип-хоп сцена, меѓународно признат DJ и продуцент, и еден од основачите на легендарниот колектив S.A.F.
Активен уште од раните 90-ти, DJ Goce е име кое остави трага не само кај нас, туку и на сцените низ Европа.
Зад себе има настапи со светски артисти, бројни турнеи, продукциски проекти и културни иницијативи што ја обликуваа локалната и регионалната сцена.
Во оваа епизода на РеТрн, DJ Goce искрено одговара на прашањта:
Кога рап музиката и хип-хопот беа во својот најголем подем?
Што би променил кај себе – во минатото или денес?
Доколку не се занимаваше со музика, што би работел?
И што би им препорачал на младите музичари кои денес го бараат својот пат?
DJ Goce во РеТрн – епизода што вреди да се слушне со внимание.