Нова епизода, нова доза смеа! Овој пат во РеТрн ДУО ни гостуваат двајца од најомилените ликови на социјалните мрежи во Македонија – Стефан Николовски и Томски!
Ако сте на интернет, сигурно барем еднаш сте се смееле на нивните видеа. Или два пати. Или секој ден.
Како Стефан кој по професија е актер дојде до идејата да го освои просторот на социјалните мрежи?
Тој е дел од актерската екипа во Велешкиот театар и Театар Комедија во Скопје – па доколку сакате да го гледате на сцена, посетете ги овие театри и уживајте во претставите во кои тој глуми.
Како Томски решил да ја започне својата приказна на интернет?
И – дали целата оваа авантура вреди?
Се исплаќа ли трудот што стои зад секое хумористично видео?
Во оваа епизода дознаваме:
• Како се роди идејата за Виц Битка и зошто народот ја обожава? 🔥
• Колку се погодени од хејт коментарите и имаат ли рецепт за преживување на интернет?
• Ако не би го работеле ова, која би била нивната професија?
• Што би им препорачале на младите што сакаат да тргнат по нивниот пат?
Очекувајте искрен муабет + двојна доза хумор Стефан Николовски и Томски во РеТрн ДУО – притисни PLAY и смеата почнува!