Оваа недела, во последната епизода од сезоната на РеТрн ДУО, имаме гости што носат енергија како ураган – Donplaya и Prince$$ Donatsu! Музиката ги спои, љубовта ги зацврсти, а денес се и горди родители.
Ќе прошетаме низ Скопје, но ќе ја отвориме и вечната дилема: Скопје или Битола – кој е „поубав“ град? Дали ќе се сложат или ќе има мала „битка на аргументи“?
Во оваа епизода дознаваме:
• Како се запозна ова дуо?
• Како почнала нивната музичка соработка?
• Колку време трае нивното пријателство и љубов?
• И, што би била Кика ако не беше артист?
Финалето е тука – забавата е загарантирана!