РеТрн: Дамите што ја носат новогодишната магија во себе

Овој понеделник, во новата епизода на РеТрн, ни гостуваат Sarah Mace and The Girlzz.

Sarah Mace, Ана Петановска, Калина Велковска- Кали и Теа Богатинова

Зрачат со енергија, внесоа магија и со својата појава го разбудија и најзаспаниот декемвриски ден.
Ги прашавме:
– што е најубаво во зимата?
– по што ќе ја паметат 2025 година?

А магијата што ја носат во оваа епизода тие ја носат и на сцена – на 29 декември, во 20:00 часот, во Македонската филхармонија, со празничниот концерт „Нека трепка“ со Sarah Mace and The Girlzz.
Не пропуштајте го ова уникатно новогодишно музичко патување – билетите се во продажба на mktickets.mk.

Вокалниот квартет Sarah Mace, Ана Петановска, Калина Велковска- Кали и Теа Богатинова, заедно со Божиќниот оркестар под палката на Иван Еминовиќ ќе настапат и во Битола на 21ви декември на Зимска Приказна, во Штип на 28ми декември во Домот на Културата “Ацо Шопов” и на Плоштадот на Крива Паланка на 30ти декември.

Нивниот репертоар вклучува Новогодишни и Божиќни аранжмани на најпознатите мелодии, богат оркестарски звук и многу изненадувања !

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни