Ресторанот во Лондон на популарниот турски готвач Нусрет Ѓокче, попознат како Salt Bae, соопшти дека ќе го исклучи греењето за да заштеди пари и покрај тоа што остварил профит од 3 милиони фунти во 2022 година. Steakhouse Nusr-Et забележа добивка пред оданочување од 3,3 милиони фунти во 2022 година, со продажба од 13,6 милиони фунти во истата година, според The Guardian.
И покрај тоа што сопствениците на ресторанот добија 2,8 милиони фунти дивиденда, тие одлучија да ги намалат трошоците и да заштедат енергија.
Nusr-Et, исто така, ги надгради своите LED светла и „изолацијата за заштеда на енергија“ и ги ограничи часовите во кои ја користи „воздушната завеса“, уред кој спречува ладниот воздух да влезе во затворен простор.
Извор: index.hr