Search

Ресторанот на Salt Bae кој заработува 3 милиони фунти годишно го исклучува греењето за да заштеди пари

Ресторанот во Лондон на популарниот турски готвач Нусрет Ѓокче, попознат како Salt Bae, соопшти дека ќе го исклучи греењето за да заштеди пари и покрај тоа што остварил профит од 3 милиони фунти во 2022 година. Steakhouse Nusr-Et забележа добивка пред оданочување од 3,3 милиони фунти во 2022 година, со продажба од 13,6 милиони фунти во истата година, според The ​​Guardian.

И покрај тоа што сопствениците на ресторанот добија 2,8 милиони фунти дивиденда, тие одлучија да ги намалат трошоците и да заштедат енергија.

Nusr-Et, исто така, ги надгради своите LED светла и „изолацијата за заштеда на енергија“ и ги ограничи часовите во кои ја користи „воздушната завеса“, уред кој спречува ладниот воздух да влезе во затворен простор.

Извор: index.hr

Најново

Последни колумни