Таа објасни како се одлучиле на тој потег поради „специјалниот концепт“ кој го нуди ресторанот, каде гостите можат да јадат колку сакаат за 90 минути за 30 евра. Таа нагласи дека концептот е „се што можеш да јадеш“, а не „се што можеш да нарачаш“.
„Мислам дека тоа е многу фер концепт“, продолжи таа, додавајќи дека ова е многу вообичаено во рестораните во Германија, а нејзината изјава предизвика жестока дебата.
„Ништо не е во ред со концептот, истото е овде во Канада“, напиша еден tiktoker, додека друг се согласи дека тоа е „разумен начин“ да се ограничи фрлањето храна, додавајќи: „Нашиот локален ресторан за суши го има истото правило – сè што можете да јадете, но плаќате за тоа што нема да го издете“.