Репортери без граници: Со суспензија на Гласот на Америка, Трамп ja напаѓа слобода на медиумите

Со суспензијата на Гласот на Америка, Доналд Трамп ја напаѓа слободата на медиумите на меѓународно ниво


Од преземањето на функцијата, претседателот на САД Доналд Трамп започна со низата незапамтените напади врз слободата на медиумите, наведуваат Репортери без граници (РБГ). Тие ја повикаа владата на САД да ги укине финансиските и административните мерки кои влијаат на Гласот на Америка и апелираат до Конгресот и меѓународната заедница да преземат мерки против овој невидени потег.

РБГ наведуваат дека денес се навршуваат два месеци од инаугурацијата на Доналд Трамп.


„Конкретно, тој потпиша декрети кои ги ограничуваат пристапите до информациите, се залага за рестриктивни мерки против новинарите и дури замрзнал милијарди долари наменети за проекти за помош на независни медиуми низ целиот свет. Во саботата на 15 март, алармантната одлука да се испрати целокупниот персонал на Гласот на Америка (ВОА) на административно отсуство ја означи пресвртницата во улогата на САД како застапник на слободата на медиумите“, се вели во соопштението.

РБГ наведуваат дека Гласот на Америка е најголемиот и најстар американски меѓународен емитер. Овој медиум произведува содржина на, како што нагласуваат РБГ, 47 јазици за публиката надвор од САД.

„Со суспензијата на Гласот на Америка, Доналд Трамп ја напаѓа слободата на медиумите на меѓународно ниво“, се вели во соопштението.

РБГ ја повикаа владата на САД да ги укине финансиските и административните мерки кои влијаат на Гласот на Америка и апелираат до Конгресот и до меѓународната заедница да преземат мерки против овој невиден потег.

„За да се спротивставиме на овие напади, вашата поддршка ни е потребна повеќе од било кога. Вашите донации се од суштинско значење за продолжување на нашата неуморна борба против повторените повреди на слободата на медиумите. Секоја донација ни помага да го промовираме работата на оние кои собираат, произведуваат и објавуваат доверливи информации – и да се бориме против заканите на новинарството ширум светот“, велат Репортери без граници.A

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни