Туристи останаа заглавени во снежните наноси на планината Тара.
Снегот што со часови паѓа предизвика хаос низ цела Србија. На многу патишта сообраќајот бил забавен, а на некои места целосно прекинат. Лошите услови на патиштата доведоа и до неколку сообраќајни несреќи.
Особено драматично е на планините, каде снегот непрекинато паѓа и се задржува поради ниските температури. Тоа го потврдува и снимка направена на Тара.
„Тара, патот Мокра Гора-Митровац: Ренџерите спасуваат туристи заглавени на патот. Патот е непрооден од Визиторскиот центар“, се наведува во описот на снимката.