Ремек-делото на Алесандро Барико на сцената на Албанскиот театар во склоп на 49 то издание на МОТ

Литературното ремек-дело на Алесандро Барико, започнува со одмазда, а завршува со казна

Литературното ремек-дело на Алесандро Барико, преточено во претставата ,,Без крв” ќе биде поставено во Албанскиот театар во среда на 20 ноември во склоп на 49 то издание на МОТ.

Литературното ремек-дело на Алесандро Барико, започнува со одмазда, а завршува со казна. Граѓанска војна затвора тројца мажи во својот лавиринт: татко, две деца и крволочен Минотаур. Режисерката Дијана Добрева, претставата ја дефинираше како нејзино “најголемо лично театарско чудо”.

Ко-продукцијата на  НУ “Театар Ј. Х. Џинот” од Велес и драмскиот театар од Пловдив е своевиден спектакл, кој за прв пат во историјата на двете земји создаде заеднички креативен тим и спроведе сеопфатен процес на проби.

Стилизирана како шпанска драма – корида, тореади, фламенко и арена со бик – обоена во црвено и црно, изведбата на “БЕЗ КРВ” е особено актуелна за нашите простори.

Премиерата на истоимениот филм, излезе само 2 дена по театарската премиера во Пловдив, со холивудските актерки Анџелина Џоли и Селма Хајек.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни