Во северниот дел на Нигерија, религиозната полиција уапси 25 млади лица осомничени дека планирале да одржат геј свадба, објавија денес властите на северниот нигериски регион Кано.
По дојава од соседите, спроведена е полициска рација за време на организирањето на настаните по повод геј свадбата во градот Кано, повикувајќи се на локалните медиуми, објави VRT.
Според локалнките медиуми уапсените, од кои 18 се мажи и седум се жени, вклучувајќи го и парот за кој се сомнева дека планирал да се венча, се на возраст од околу дваесет години.
„На оваа нелегална прослава еден маж имал намера да се ожени со друг млад човек“, изјави заменик-командантот на религиозната полиција, Хисбах Муџахид Абубакар, додавајќи дека полицијата ќе спроведе истрага за евентуално покренување постапка.
Во 12 северни нигериски федерални држави, покрај државниот и федералниот закон, се применува и шеријатот – правен систем базиран на исламски учења.
Според локалното толкување на шеријатскиот закон, хомосексуалните односи се казнуваат со смртна казна, иако според медиумите таа досега не е спроведена. На федерално ниво, Нигерија ги забрани истополовите бракови и регистрираните партнерства уште во 2014 година.
Полицијата во Хисба уапси лица под сомнение за планирање геј свадби во 2007, 2015, 2018 и 2022 година, но досега никој не е осуден.
Извор: Telegraf.rs/Tanjug