Рекордни 40 сантиметри снег измерени во Србија, прогласена вонредна состојба во неколку општини

На Копаоник се измерени 40 сантиметри снег, а врнежите продолжуваат. Во Србија е прогласена вонредна состојба во четири општини, со црвено метео предупредување и очекувани врнежи од над половина метар снег.

На Копаоник се измерени 40 сантиметри снег, кој и понатаму паѓа, соопштено е вечерва од метеоролошката станица на таа планина.

Дежурниот метеоролог изјави за агенцијата Бета дека измерената температура е минус четири степени Целзиусови, а дува ветер со брзина од 4 до 8 метри во секунда.

Според прогнозите, на највисоките планински врвови во Србија се очекува повеќе од половина метар снег.

Вонредна состојба

Поради обилните врнежи, српските општини Медвеѓа, Ивањица, Ариље и Нова Варош прогласија вонредна состојба, пренесуваат медиумите.

Црвено метео предупредување е на сила за јужните и централните делови на Србија поради обилни врнежи, а во пониските предели може да паднат повеќе од 100 литри дожд по квадратен метар, јавува јавниот сервис РТС.

На највисоките планини се очекува да наврне над половина метар снег.

РТС додава дека на одредени патишта, поради влажен снег, има паднати дрвја, па се препорачува претпазливост при возење.

Исто така, има проблеми со снабдувањето со електрична енергија на подрачјето на Голија и во општината Брус.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни