Рекорден број затворања на компании во Германија: високите трошоци, конкуренцијата и недостатокот на работници затворија 196.000 бизниси

Во Германија во 2024 година биле затворени 196.100 компании, што е за 16 отсто повеќе од претходната година и највисока бројка од светската финансиска криза во 2011 година, покажуваат податоците на Creditreform и Институтот ZEW.

Како клучни причини се наведуваат зголемените трошоци за енергија, силната меѓународна конкуренција и недостатокот на квалификувана работна сила.

Минатата година во Германија беа затворени 196.100 компании, што претставува зголемување од 16 отсто во споредба со 2023 година и најголем број затворања од 2011 година, покажуваат податоците на агенцијата Creditreform и економскиот институт ZEW.

Експертите предупредуваат дека причините се многубројни – од високи трошоци за енергија, до недостиг на работна сила, до се посилна меѓународна конкуренција.

„Бројот на компании кои трајно ги затвораат вратите во сите сектори на економијата е алармантен“, рече Патрик-Лудвиг Ханч од Creditreform, додавајќи дека особено се погодени компаниите кои се занимаваат со производство на енергија.

Во тој сектор бројот на затворања е зголемен за 26 отсто, на повеќе од илјада фирми.

Значителен пад е забележан и во ИТ индустријата, развојот, еколошката технологија и дијагностика – сектори кои, како што истакнуваат експертите, треба да бидат двигатели на идниот економски раст.

Сепак, според Сандра Готшалк од ZEW, овие фирми се соочуваат со хроничен недостиг на квалификувани работници, што ги прави неподготвени да ја задоволат побарувачката.

„Поради недостаток на квалификувана работна сила, компаниите не можат да прифатат доволно нарачки и стануваат економски неодржливи“, објаснува Готшалк.

Затворањата се вообичаени и во фармацевтската и хемиската индустрија.

И додека досега во Германија малите бизниси главно пропаднаа, од неодамна и поголемите компании се почесто затвораат.

Извештајот покажува и дека не сите компании се затворени поради стечај – многу престанаа со работа бидејќи сопствениците не можеа да најдат наследник пред пензионирањето, додека некои беа затворени и покрај тоа што беа профитабилни поради оценката дека нема долгорочна деловна перспектива.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни