Рекорд во Србија: Возач на камион од Турција направил 92 прекршоци за 28 дена

На возачот на камион од Турција му биле изречени казни во вкупен износ од 4.320.000 динари или над 40.000 евра

Припадници на сообраќајната полиција на Министерството за внатрешни работи во Ниш запреле 52-годишен турски државјанин кој, управувајќи камион „Мерцедес“, во претходните 28 дена на автопатот во близина на Ниш направил 92 прекршоци.

При контролата, полицијата утврдила дека тој не ги користел пропишаните паузи, дневните и неделните одмори, дека го пречекорил дозволеното дневно време на возење, како и дека не ги внел податоците за состојбата на почетокот и крајот на работата на возилото во тахографот на соодветен начин, соопшти Полициската управа во Ниш.

Му беа изречени казни во вкупен износ од 4.320.000 динари.

Управата апелира до возачите на камиони и автобуси доследно да ги почитуваат сообраќајните прописи и прописите за работното време на екипите на возилата во патниот сообраќај, бидејќи, како што е посочено, тие ги штитат не само нивните животи, туку и животите на патниците и другите учесници во сообраќајот

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни