„Вооружени“ со 4.000 јајца и камион со шеќер и слатка павлака, француските слаткари во средата ја завршија 121,8 метри долгата торта со јагоди, за која тврдат дека е најдолга на светот.
Јусеф Ел Гату собра тим од 20 готвачи за колачи за да го создаде ова ремек дело од 1,2 тони. Им требаше една недела да ја направат тортата, а таа е изложена на масите во лизгалиштето во Аргентеј, предградие на Париз, за жителите да ја видат.
Овој подвиг го надмина претходниот рекорд – 100,48 метри долга торта со јагоди направена во италијанскиот град Сан Мауро Торинезе во 2019 година.
За деликатесот на Ел Гату се употребени 350 килограми јагоди, 150 килограми шеќер и 415 килограми слатка павлака.
За да влезе во конкуренција за Гинисовата книга на рекорди, деликатесот мораше да биде висок и широк најмалку осум сантиметри. Логистиката беше толку напорна што тимот мораше да користи воздушни грејачи за да ги загрее садовите за шлаг, откри сопругата на Ел Гату, Надија.
VIDEO: 🇫🇷 🍰 French chefs break record for world's longest strawberry cake
— AFP News Agency (@AFP) April 24, 2025
The cake, which took one week to complete, was 121.8 metres long and required 350 kilogrammes of strawberries, 150 kgs of sugar and 415 kgs of cream#AFPVertical pic.twitter.com/Y1rSMJ1XqU
Ел Гату изјави дека уште како дете сакал да го собори рекордот.
Жителите на Аргентеј, кои дојдоа да ја видат оваа висококалорична торта во средата, добија парче да понесат со себе.