Реконструкција на студентски домови: Подобрени услови и енергетска ефикасност до следната учебна година

До почетокот на следната учебна година, се очекува дел од студентите да бидат сместени во реновираните студентски домови „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“, каде веќе се во тек градежни работи. Министерството за образование, предводено од министерката Весна Јаневска, вложува 17 милиони евра за модернизација на овие домови. Средствата ќе бидат искористени за реконструкција на внатрешноста на просториите, обновување на фасадите, инсталација на фотоволтаици и еко системи за греење.

Александар Николоски, претседател на Студентското собрание, посочи дека освен подобрување на условите за сместување, е неопходно да се овозможат и поевтини опции за закуп на станови во универзитетските градови.

Целиот проект за обновување на државните студентски домови е поддржан со 25 милиони евра, од кои 20 милиони доаѓаат преку кредитна линија од Германската развојна банка, а дополнителни 5 милиони евра се обезбедени како неповратен грант преку Регионалната програма за енергетска ефикасност на Европската Унија за Западен Балкан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни