Реизданието на дебитантската проза „Писма“ од Игор Исаковски во книжарниците на Или Или

По собраната поезија на едно место (десетте стихозбирки) во луксузното издание насловено „Совршен поет“, кое издавачката куќа „Или-Или“ го промовираше минатата есен, „Писма“ е одлично надоврзување на тој издавачки потег бидејќи се претставува Исаковски во неговата суштинска форма, на почетокот од пишувачката авантура, кога и го најави својот несомнен талент

Од печат излезе реизданието на дебитантската проза „Писма“ од Игор Исаковски. Првото издание книгата го доживеа во 1991 година (издавач: Книжевна младина на Македонија), и еве, по 35 години, една од „најскопските“ книги повторно повторно заживува и меѓу новата генерација на домашни читатели.

По собраната поезија на едно место (десетте стихозбирки) во луксузното издание насловено „Совршен поет“, кое издавачката куќа „Или-Или“ го промовираше минатата есен, „Писма“ е одлично надоврзување на тој издавачки потег бидејќи се претставува Исаковски во неговата суштинска форма, на почетокот од пишувачката авантура, кога и го најави својот несомнен талент.

„Книгата три ипол децении трпеливо чека читање и препрочитување, како и превреднување на нештата, бидејќи добрата литература го прави токму тоа, таа не старее и никогаш не губи од својата релевантност и вредност“, вели уредникот Игор Анѓелков во поговорот од книгата. „На реизданието на „Писма“ можеме да гледаме како на потсетник дека книжевната сцена кај нас одвреме-навреме знае(ла) да изнедри авторски глас кој на автентичен начин го обликува(л) современието, а Исаковски тоа го правеше во текот на целиот свој креативен живот. Оваа драгоцена книга е потсетник на еден град кој живееше 24/7, на едни луѓе кои ги знаеја сите негови светли и темни сокаци, и на еден автор кој сето тоа го обликуваше во книжевен бисер што живее за вјек и веков“, заклучува тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни