Регионот под снежна покривка: Температурите паѓаат под -10°C

Особено ниски температури утрово се измерени во Босна, Хрватска и Словенија, каде утринските вредности се спуштија до, а на места и под -10°C.

Вчера наутро низ целиот Балкан беше измерено исклучително студено време, како резултат на продор на многу ладна воздушна маса од север. Претходно, регионот – особено Хрватска и Босна и Херцеговина – беше зафатен од силно снежно невреме, кое донесе обилни врнежи и значителни проблеми.

Во делови од Хрватска и Босна снежната покривка надмина 50 сантиметри, а бројни населени места останаа без електрична енергија и беа целосно завеани.

Особено ниски температури утрово се измерени во Босна, Хрватска и Словенија, каде утринските вредности се спуштија до, а на места и под -10°C.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни