Туристичкиот водич „Откривајќи ја нејзината историја“ ги отвора перспективите на разбирање на културното наследство преку приказните, придонесите и творештвото поврзано со жените кои што оставиле значајно влијание врз општеството. Овој водич има за цел да ги направи видливи овие личности, места и настани, препознавајќи ги како составен дел од заедничкото културно наследство на овие простори.
Преку процес на истражување и критичко пристапување кон доминантните историски наративи. учење и соработка, млади луѓе под менторство на експерти од Северна Македонија, Србија и Албанија работеа на мапирање и документирање на локации поврзани со женското движење, културното творештво и општествените промени. Овие локации се дел од минатото, но ги гледаме како живи простори на сеќавање, кои овозможуваат длабоко разбирање на улогата и значењето на жените во обликувањето на заедниците, и самото општество. Токму затоа, овој водич претставува туристички ресурс, но и образовна алатка за зачувување и промоција на феминистичкото културно наследство, и кон развој на поинклузивно и родово-сензитивно разбирање на историјата.
Водичот е развиен во рамки на проектот „Откривајќи ја нејзината историја: Зајакнување на младите и зачувување на феминистичкото наследство“, имплементиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Центар за популациски политики и одржлив развој – IPPF Србија и ACPD Албанија, со поддршка од Европската Асоцијација за локална демократија (ALDA), во рамки на BOOST програмата. Проектот има за цел да ги зајакне младите како активни истражувачи и промотори на културното наследство, придонесувајќи кон поголема видливост на женските приказни и нивното место во јавниот и културниот простор.