Редовниот секс го чува мозокот: 3 докажани придобивки што веројатно не сте ги знаеле

Заслугата оди кај хормоните како допаминот и окситоцинот, кои се ослободуваат за време на секс и влијаат на мотивацијата, задоволството и емоционалната поврзаност.

Науката го потврдува она што можеби сте го насетувале – сексот не е само добар за расположението и егото, туку и за мозокот.

И тоа не во смисла на „се чувствувам попаметно по сексот“, туку навистина – некои мозочни функции се подобруваат по оргазам. Еве три конкретни придобивки што научниците ги потврдиле – и кои даваат уште една (одлична) причина да останете сексуално активни.

Сексот го подобрува краткорочното паметење

Австралискиот професор Марк Ален анализирал податоци од над 6.000 луѓе постари од 50 години. Неговото истражување покажува дека сексуално активните лица имаат подобри резултати на тестови за меморија – особено кога станува збор за краткорочно паметење.

Не, нема да ви помогне да се сетите на роденденот на бившиот/бившата од 2011 година, но може да ви помогне да се сетите каде ги оставивте клучевите или со кого се бакнавте синоќа.

Научниците веруваат дека сексот го стимулира хипокампусот – делот од мозокот одговорен за паметење. Истражувања од Манчестер, Оксфорд и Канада покажуваат слични резултати: сексот позитивно влијае врз вербалните вештини, просторната ориентација и емоционалното паметење – особено кај жените.

Сексот ја намалува чувствителноста на болка

Звучи како маркетиншки трик, но не е: сексот го зголемува прагот на болка. Професорот по психологија Бери Комисару и сексологот Беверли Випл уште во 1980-тите докажале дека вагиналната стимулација ја намалува болката и до 50%, бидејќи го активира нервот вагус – директна врска меѓу гениталиите и мозокот.

Подоцна било утврдено дека сличен ефект се јавува и кај мажите – дури и сексуалното возбудување без оргазам може да го намали чувството на болка.

Сексот го намалува стресот и стравот

Холандски научници ја набљудувале мозочната активност на жени за време на сексуална стимулација – со и без оргазам. Во двата случаи, активноста во деловите од мозокот одговорни за стрес и страв значително се намалила.

Значи, дури и без „големото финале“, сексот делува како природен антистрес. Дополнително, нивото на кортизол (хормонот на стрес) паѓа непосредно пред и за време на сексуалната активност.

Во превод: следниот пат кога некој ќе ви каже дека „треба да се опуштите“ – знаете што да предложите.

Бонус: Сексот како ментална теретана

Претходни истражувања покажале дека редовниот секс може да го поттикне растот на нови мозочни клетки, особено во хипокампусот. Исто така, кај постарите лица го подобрува резултатот на тестови за интелигенција и перцепција.

Заслугата оди кај хормоните како допаминот и окситоцинот, кои се ослободуваат за време на секс и влијаат на мотивацијата, задоволството и емоционалната поврзаност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни