Првото издание на книгата од серијалот Хари Потер на авторката Џ. К. Роулинг беше продадено на аукција во Велика Британија за 18.000 фунти.
Примерокот „Хари Потер и каменот на мудроста”, еден од првите 500 отпечатени 1997. година, беше продаден во саботата на аукција во британскиот град Пејџтон, во Девон.
На задната страна на книгата има правописна грешка во зборот „Philosopher’s“, а на страната 53 магичниот стап се наведува двапати во списокот на опрема.
Се очекуваше дека примерокот ќе биде продаден за помеѓу 20 и 30 илјади фунти, но беше продаден за 18.000 фунти (околу 21.600 евра).
Аукциската куќа го опиша примерокот како „добар пример на исклучително редок примерок од првото издание”.
Друг примерок на романот, но повеќе оштетен, беше продаден за 1.300 фунти.
Во почетокот, бил отпечатен само мал број на примероци на Хари Потер, бидејќи не се знаело дали книгата ќе стане популарна.
Следувал е серијал од уште шест продолженија и екранизации, а Хари Потер денес е една од најпопуларните книги во светот.
Првото издание на „Хари Потер и каменот на мудроста” беше продадено минатата година за 45.000 фунти, а целосно сочуван примерок достигна цена од 69.000 фунти во март 2022.