Аукциската куќа „Сотби“ на аукција во Женева продаде исклучително редок јужноафрикански син дијамант за 21,5 милиони долари.
Дијамантот е дел од компактна единица која е извлечена од наоѓалиштето Кулиан во Јужна Африка. Тежи 10,3 карати, а неговата вредност беше проценета на 20 милиони долари. Дијамантското парче е во облик на перница, познато како „медитерански син дијамант“.
Рудникот Кулинан е познат во светот како едно од најголемите наоѓалишта на дијаманти, особено на сини дијаманти.
Голема гужва од купувачи
Како што изјавија од аукциската куќа, на аукцијата имало голема гужва за купување на овој дијамант.
Инаку, овој дијамант беше претставен на изложбата во Абу Даби, заедно со уште седум други вредни примероци на дијаманти и скапоцени камења со непроценлива вредност.
Како што истакна Квид Брунинг, кој го предводи одделот за накит на Сотби за различните светски пазари во Европа и Америка, дијамантот „медитерански сини“ е на врвот на раритетната листа, која вообичаено ги рангира највредните сини дијаманти.
„Овој дијамант несомнено е „клучен камен на сезоната“, а се вбројува меѓу највредните и најдобрите сини дијаманти што ги продаде нашата куќа“, изјави Квид Брунинг.
Најголемиот груб дијамант со тежина од 3.106 карати бил ископан во истиот рудник во 1905 година. Од него биле исечени седум помали дијаманти, од кои најпознати се големата и малата Ѕвезда на Африка (тежина од 530 и 317 карати), која станала дел од британската круна накит.