РЕДИ Рециклажа собра 2 тона електронски отпад

РЕДИ Рециклажа, првото и единствено социјално претпријатие лиценцирано за управување со отпад во Северна Македонија, успешно спроведе акција за собирање на габаритен неопасен електронски отпад во Источна Македонија, односно во Пробиштип, Кочани и во Штип.

Oваа иницијатива забележа извонреден одзив од граѓаните кои на совесен начин предадоа речиси 2 тона електронски отпад. Aкцијата значително придонесе кон зачувување на животната средина во период кога загадувањето е на највисоко ниво, како и кон зголемување на социјалната инклузија преку вклучување на маргинализираните групи во процесот на формално управување со отпад.

Спроведената акција е дел од напорите на РЕДИ Рециклажа за создавање одржлив систем за управување со отпад кој е истовремено општествено праведен. Една од клучните компоненти на моделот на РЕДИ Рециклажа е формализирањето на неформалните собирачи на отпад, најчесто припадници на маргинализираните заедници, со цел да им се обезбедат пристојни работни услови, фер плати и економска стабилност. Овој пристап не само што ја штити природата, туку и создава нови можности за вработување и социјална инклузија. Граѓаните кои учествуваа во акцијата ја истакнаа својата благодарност за можноста на одговорен начин да се ослободат од својот електронски отпад.

Иако повеќето од активностите насочени кон одговорно управување со отпад досега беа фокусирани во главниот град, оваа акција ја истакна важноста за проширување на ваквите иницијативи низ целата држава. РЕДИ Рециклажа планира организирање на слични акции низ повеќе градови во Северна Македонија, со цел да се изгради систем кој е достапен за сите граѓани, без разлика на местото на живеење.

РЕДИ Рециклажа е претпријатие поддржано од страна на програмата RECONOMY за економски развој на Шведската меѓународна агенција за развојна соработка (Sida), која се спроведува од страна на HELVETAS.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни