Red Bull FMX Jam 2025: Спектакуларно отварање на Fresh Wave Festival во Бања Лука

Red Bull FMX Jam го отвори Fresh Wave Festival во Бања Лука со неверојатни скокови, адреналин и настапи кои ја воодушевија публиката.

Тврдината Кастел во Бања Лука на 7 август беше центар на екстремната акција, додека илјадници гледачи беа сведоци на еден од највозбудливите настани во регионот – Red Bull FMX Jam. Настанот официјално го отвори Fresh Wave Festival 2025 со незаборавен микс на адреналин, акробации и музика.

Шоуто започна во 20:00 часот, а веднаш по првите скокови атмосферата ескалираше. Врвни freestyle motocross (FMX) возачи, вклучувајќи ги Jose “Mincha” Canosa, Mario Lucas, Troy Verburgh и Jens Hvolboll, ја оставија публиката без здив со трикови како cliffhanger, superman и backflip – сите изведени високо над масата на гледачи.

Покрај скоковите, настанот беше збогатен со пиро ефекти и музика на DJ Kosnik, создавајќи целосно аудиовизуелно доживување. Програмата ја водеше харизматичниот ТВ-водител Срѓан Ерцег, кој постојано ја мотивираше публиката да ја врати енергијата на возачите со аплауз и навивање.

Врв на вечерта беше појавувањето на легендарниот stunt возач Aras Gibieža и најдобриот stunt мајстор Немања Михајловиќ, кои претходно го најавија настанот со мото-парада низ Бања Лука.

Red Bull FMX Jam уште еднаш потврди зошто важи за еден од најатрактивните мото спектакли во светот. Со совршена комбинација од врвни возачи, акробации и сценска продукција, настанот го постави тонот за целата фестивалска недела – вечер што Бања Лука сигурно нема да ја заборави.

Денис Абдула

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни