Рецитал на Мицко Дамњановски во КИЦ Културно информативниот центар Скопје

Денес точно во 19:19 часот во Културно информативниот центар Скопје ќе се одржи рецитал на Мицко Дамњановски.

„Со голема радост и искрено задоволство ве поканувам на мојот туба рецитал, кој претставува еден многу значаен момент во моето музичко постоење, а Вашето присуство ќе придонесе оваа вечер да биде уште повеќе посебна и исполнета со убава енергија. Сцената ќе ја делам со извонредни музичари и драги луѓе. Пред се со мојата почитувана колешка, пријателка и професорка Маријана Николовска – мој пијано соработник, како и моите ценети колеги од Македонскиот Брас Квинтет. За крај, ве очекува и едно мало изненадување, со кое се надевам дека ќе ја заокружиме вечерта на незаборавен начин. Ќе се потрудам почетокот на концертот да го оправда името на салата во која ќе настапувам“ порачува Мицко.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни