Рецепт за палачинки со банана

Фото: Shutterstock

Едноставен рецепт за љубителите на банани.

Состојки:

  • 120 г брашно за сите намени
  • 1 лажица прашок за пециво
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/4 лажичка сол
  • 1 и пол голема зрела банана
  • 1 големо јајце
  • 175 мл млеко

Подготовка:

  1. Во сад со средна големина измешајте го брашното, прашокот за пециво, циметот и солта.
  2. Во друг, поголем сад, изматете ја бананата и јајцето додека не се соединат.
  3. Додадете го млекото во бананата и јајцето, а потоа постепено додавајте ги сувите состојки. Тестото ќе биде малку грутчесто.
  4. Загрејте голем тавче на средна температура и ставете малку масло.
  5. Со помош на мерна чаша, истурете три до четири круга од тестото во тавата.
  6. Печете ги палачинките додека одозгора не почнат да пукнуваат и одоздола не поруменат, околу 2-3 минути.
  7. Превртете ги и печете ги од другата страна уште неколку минути, додека не бидат целосно испечени.
  8. Сервирајте по желба со чоколаден намаз, џем, јаворов сируп или по ваш вкус.

Уживајте!

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни