Истражувањето на фирмата за анализа на податоци YouGov покажа дека речиси половина од испитаниците не веруваат дека оралниот секс се брои како „секс“.
YouGov ги праша испитаниците дали различните сексуални дејствија се сметаат за секс – од пуштање прсти до „пушење“. Работата со рака и прстите генерално не се сметаа за секс, при што 52 отсто рекле дека рачната работа не се брои наспроти 34 отсто кои рекле дека се брои, а 48 отсто рекле дека користњето прсти не се брои, наспроти 37 отсто кои сметаат дека се.
Кунилингус (кој YouGov алтернативно го опиша како „лижење“ за нивните британски испитаници кои не научиле нови секс термини од 1992 година) се смета за секс од 44 проценти од луѓето, наспроти 40 проценти кои мислеле дека не се смета. За „пушењето“ бројките беа приближно исти, а 45 отсто од испитаниците го сметаат за секс, додека 41 отсто мислат дека не е.
Геј и бисексуалните мажи многу почесто го сметаат оралниот секс за секс (57 проценти), додека лезбејките и бисексуалните жени исто така со поголема веројатност ќе кажат дека кунилингусот се смета за целосен секс (54 проценти), бројка што збуни неколку луѓе кога резултатите беа објавени на почетокот на март оваа година.
Имаше интересна генерациска поделба меѓу испитаниците според YouGov, при што луѓето над 50 години почесто ги сметаат оралниот секс и стимулацијата со раце и прсти како секс. Четириесет и пет проценти од постарите испитаници рекле дека стимулацијата со раце се смета за секс, наспроти само 23 проценти од луѓето на возраст од 18-49 години, со слични бројки за корситењето на прстите и стимулацијата на клиторисот со прсти.
Оралниот секс на жени, исто така, беше поверојатно да се гледа како на секс од страна на постарите луѓе, со 54 проценти кои рекле дека се брои, наспроти само 34 проценти од помладите од 50 години кои го кажале истото.
Иако се интересни сами по себе, наодите имаат импликации за тоа како YouGov дизајнира други истражувања за сексуалноста. Нивната сегашна дефиниција за секс е „сексуален однос кој вклучува пенетрација, орален секс или која било друга активност со друга личност која обично кулминира со оргазам“, што тие забележуваат дека „можеби не е адекватен опис“, особено ако се има предвид дека само околу една третина од жените велат дека тие доживуваат оргазам секој пат кога имаат секс.
Извор: https://www.iflscience.com/