Речиси изумрен вид забележан за прв пат по два века: Природата продолжува да нѐ изненадува

Фото: iStock

Во Бразил повторно се појави дрво кое беше прогласено за изумрено пред речиси два века, што научниците го оценија како „неверојатно откритие“.

Пернамбуко Холи (Ilex sapiiforumis) беше пронајдено од страна на научници во бразилскиот град Игарасу кога група експедитори поминаа шест дена во потрага по дрвото. Истражувачите беа во можност да ги забележат ситните бели цветови на растенијата во градот – кој стана силно урбанизиран.

„Се чинеше дека светот сопре. Природата нѐ изненадува. Не се случува секој ден да се најде вид за кој не се слушнало скоро два века. Тоа беше неверојатен момент“, рече Џулиана Аленкар која учествуваше во потрагата

Друг член на тимот забележа дека искуството е „како да се најде долго изгубен и баран роднина што го познавате само по стари портрети“.

Фото: Fred Jordão

Пернамбуко Холи беше деветтиот „најбаран“ изгубен вид – листа што опфаќа над 2.000 видови во 160 земји. Групите како Меѓународната унија за зачувување на природата се здружија за да се обидат да ги пронајдат овие најбарани видови, а пронаоѓањето на растението Пернамбуко беше само една мала победа.

Водачот на експедицијата Густаво Мартинели сподели дека работата сè уште не е завршена. Групата и нејзините партнери планираат да започнат програма за размножување на дрвото за да се осигураат дека ќе продолжи да опстојува со децении.

Ова не е единствениот вид што се врати во последниве години. Научниците открија докази дека стаорецот од Санта Круз, вид погоден од рударството и промената на земјиштето, повторно се појави во регионот. Во меѓувреме, во Нов Зеланд, научниците пронајдоа начини да развијат алтернативни живеалишта за птиците Какапо, кои првично биле ловени до истребување.

Сепак, ретко се случува видовите на дрвја и растенија да го добијат истото медиумско внимание како харизматичните птици и цицачите.

Растителните видови како зеленилото Пернамбуко Холи играат улога во живеалиштата и екосистемите на нивните соодветни региони и го заслужуваат истото внимание. Сепак, ова големо откритие во Бразил треба да послужи како пример дека постои надеж за „речиси исчезнати“ живи организми од речиси сите видови.

Извор: The Cool Down

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни