Министерството за здравство на Судан соопшти дека во последните два месеца во земјата имало над 13 илјади заразени граѓани, додека само во изминатиот викенд бројката на новозаболени била 400.
Во соопштението се наведува дека колерата се шири во регионите кои неодамна биле погодени од поплави, особено во источен Судан, каде што престојуваат и милиони раселени лица поради војната.
Колера е откриена во 10 од 18 провинции во Судан, а најпогодени се источните провинции Касала и Ал-Кадариф.
Според Светската здравствена организација, колерата е многу заразна болест која предизвикува дијареја и тешка дехидратација, што може да доведе до смрт во рок од неколку часа доколку не се лечи. Се пренесува преку контаминирана храна и вода.
Претходната голема епидемија на колера во Судан се случи во 2017 година, кога за два месеца од болеста починаа најмалку 700 луѓе, а зарзени беа околу 22 илјади.
Извор: Б92