Речиси 400 луѓе починаа од колера во Судан во последните два месеца

Шест луѓе умреле од колера во Судан за време на изминатиот викенд, со што бројот на умрени од оваа болест во последните два месеца се зголеми на најмалку 388 луѓе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Фото: United Nations Photo/Flickr

Министерството за здравство на Судан соопшти дека во последните два месеца во земјата имало над 13 илјади заразени граѓани, додека само во изминатиот викенд бројката на новозаболени била 400.

Во соопштението се наведува дека колерата се шири во регионите кои неодамна биле погодени од поплави, особено во источен Судан, каде што престојуваат и милиони раселени лица поради војната.

Колера е откриена во 10 од 18 провинции во Судан, а најпогодени се источните провинции Касала и Ал-Кадариф.

Според Светската здравствена организација, колерата е многу заразна болест која предизвикува дијареја и тешка дехидратација, што може да доведе до смрт во рок од неколку часа доколку не се лечи. Се пренесува преку контаминирана храна и вода.

Претходната голема епидемија на колера во Судан се случи во 2017 година, кога за два месеца од болеста починаа најмалку 700 луѓе, а зарзени беа околу 22 илјади.

Извор: Б92

Најново

Последни колумни