Речиси 20 НВО со над 30 кандидати се пријавени за учество во Советот за соработка меѓу владата и граѓанското општество

Јавниот повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество беше објавен на 20 јануари

Владата денеска го објави извештајот со листа на пријавени граѓански организации со кандидати, како и јавен повик за гласање за избор на членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

Во соопштението од Владата се вели:

,,Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанскиот општество, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по Јавниот повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите (објавен на 20.1.2025 година) и Јавен повик до сите активни организации да го дадат својот глас за еден од кандидатите во секоја од областите на нивното дејствување, согласно статутот.

Гласањето се врши со пополнување на Образецот за гласање и негово доставување по пошта или електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mkдо 27.2.2025 година.

Во прилог на образецот за гласање се доставува копија од Тековна состојба издадена од Централниот регистар. Гласањето се смета за успешно ако за кандидатот гласале најмалку пет организации”.

Извештајот за пријавени организации може да го најдете на следниот линк:

https://nvosorabotka.gov.mk/sites/default/files/biografii/sovet_2025/Izvestaj_so_povik_za_glasanje.pdf

Образецот за гласање е достапен на следниот линк: https://www.nvosorabotka.gov.mk/sites/default/files/Obrazec%20za%20glasanje.docx

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни